Дијалогот Белград-Приштина без напредок, Вучиќ бара повлекување на царините

169

Новата рунда преговори помеѓу Белград и Приштина за нормализација на односите на двете земји не донесе напредок. Српскиот претседател Александар Вучиќ смета дека не може да се продолжи додека Косово не ги повлече воведените царини врз увозот на српски производи на Косово и другите „противправни одлуки“.

Иако Европската Унија ги повикуваше двете страни да овозможат интензивирање на преговорите со цел постигнување краен договор во текот на идната година, се чини дека дијалогот повторно е закочен.

Српскиот претседател по крајот на состанокот оцени дека Приштина не си ги исполнува обврските, нагласувајќи ја пред сѐ одлуката да се воведат десет отсто царини врз спрските производи, што претставува прекршување на ЦЕФТА договорот.

-Потполно е јасно дека сакаме да продолжи дијалогот но ќе продолжи кога Косово ќе ги повлече своите противправни одлуки, изјави Вучиќ за РТС додавајќи дека „ниеден од нашите луѓе нема да се појават додека не се повлечат“.

Александар Вучиќ додаде дека Србија е подготвена да разговара штом Косоварите „нешто исполнат, макар ЦЕФТА“.

-Секој ден внесуваат нешто ново, сега гарнизон на север, сега царини, им паднало на памет. Кога ќе им падне на памет ова тогаш ќе разговараме.

Вучиќ повторно ја критикуваше косовската страна и поради неформирањето на на Заедницата на српски општини (ЗСО), а ја обвини и Европа дека се обидува да ја исфрли Србија од енергетска мрежа на Косово.

-Во нацрт енергетскиот договор е јасно дека мора да се формира ЗСО, која би засновала две мешовити компании на северот. Тие би бил преносници до албанскиот оператор од Приштина. Бидејќи не е формирана ЗСО, по вина на Приштина, тие сакаат тоа да ни го одземат, да ни го одземат правото да пренесуваме струка, да изгубиме еден далековод кон Македонија, два кон Албанија, три кон Црна Горам – изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија не се согласува со намерата на Приштина за формирање косовска војска на север.

-Реков дека сум многу загрижен и реков дека тоа нема да се случи, па нека размислат малку луѓето во Европа што е договорено со Бриселскиот Договор, што е договорено со НАТО, зошто некому денес е потребно и сака да предизвикува судири – додаде Вучиќ

Европската унија издаде кусо соопштение во кое се повикува на соработка.

-Во нејзините разговори со двајцата претседатели, Федерика Могерини истакна дека е потребно за Косово и Србија да обезбедат атмосфера за Дијалогот и да се воздржуваат од зборови, акти и мерки кои се спротивни на духот на нормализацијата.

ЕУ потсетува дека овој Дијалог е директно поврзан за европските аспирации на двете земји.

Трите страни остануваат во „постојан контакт“, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...