Столчиња во ергономски дизајн со огноотпорна пена и тапацирани со телешка кожа, набавува државната компанија МЕПСО.
Овие сточиња, како што стои во техничката спецификација на јавната набавка се наменети за директорите, секретарката и за работниците во пријавницата.
Освен тоа, овие столчиња треба да имаат висок потпирач за грб и со антишок функција. Наслонот на столчињата да биде флексибилен и да се регулира според тежината на корисникот. дополнитлено треба да имаат гаранција од најмалку 4 години.
Покрај ова МЕПСО на тендерот ќе набавува и кујни, столчиња ормари и друг канцелариски материјал.
Целата набавка се предвидува да чини 350.000 евра.
Заинтересираните фирми имаат рок до септември да достават понуда.