Директорите го победија синдикатот на ЕЛЕМ, Анѓушев им судеше

1379

Завршија синдикалните спортски игри кои ги организираше синдикатот на ЕЛЕМ, а кои се одржаа во капацитетот на ЕЛЕМТУРС, автокампот Ливадишта во Струга.

На затворањето на манифестацијата денеска се одигра ревијален фудбалски натпревар меѓу екипа на директори на ЕЛЕМ и на подружниците од една страна и екипа на претседатели на синдикатот на ЕЛЕМ, од друга страна. Судија на натпреварот беше вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој беше гостин на покана на синдикатот. Натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено 2:2, а  по изведувањето пенали победи екипата на директорите со резултат 3:2.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...