Дип Мајнд: Компјутер кој се ориентира во простор подобро од луѓето

Kомпјутерски експерти од Дип Мајнд, британски разгранок на компанијата Гугл, утврдиле дека вештачката интелигенција може да се ориентира во простор подобро од луѓето.

96

Компјутерски експерти од ДипМајнд, британски разгранок на компанијата Гугл, утврдиле дека вештачката интелигенција може да се ориентира во простор подобро од луѓето.

Научниците испитувале специјално подготвена програма од која барале да се ориентира во виртуелни простори, слично како што човек би требало да најде излез од лавиринт. За време на експериментите, британските научници утврдиле дека вештачката интелигенција може да создава електронски правила на однесување кои служат слично како специјалните клетки во човечкиот мозок кои овозможуваат ориентација во простор.

Научниците на ДипМајнд организирале натпревари меѓу програмата и луѓе, од кои барале да се снајдат во нови простории, во кои неочекувано се отворале врати или се појавувале пречки. Вештачката интелигенција се покажала побрза и подобра од човечката во совладувањето на пречките и наоѓање на пат до одредената цел.

ДипМајнд веќе експериментираше со вештачка интелигенција која совлада луѓе во играње умствени игри како шах, Гоу и покер, но сега е на прагот да го надмине човештвото и во движење низ простор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...