Димковски: Секогаш сме тука за лозарите

Тој се осврна на дел од Законот за винарство, кој веќе е во Собрание, со што ќе се дадат можности лозарите во свои винарии, во домашни услови да произведуваат вино и ракија.

112

Секогаш сме тука за лозарите, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, кој присуствуваше на манифестацијата „Тиквешки гроздобер” во Кавадарци.

– Посакувам добра берба и добар квалитет на грозјето, а од него да се направат добри производи од грозје – нагласи министерот.

Тој се осврна на дел од Законот за винарство, кој веќе е во Собрание, со што ќе се дадат можности лозарите во свои винарии, во домашни услови да произведуваат вино и ракија.

Веќе, посочи тој, се олеснети околностите околу акцизите кои беа пред два три месеци, Законот помина во Собрание.

– И други програми, пред се програмата за рурален развој со која директно помагаме, и ИПАРД програмата преку која лозарите можат да користат европски пари, се со цел развој на лозарството. Само со инвестиции, со една добра организација, може да очекуваме подобри денови во лозарството и за лозарите – нагласи министерот, честитајќи го празникот и гроздоберот.

Задоволство од соработката изрази и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– „Тиквешки гроздобер” е манифестација која заслужува внимание, како една од најстарите во државата – рече градоначалникот Јанчев и посака бериќет и успех за сите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...