Димковски: Земјоделците да не манипулираат со откупната цена на житото

Пресметките на Министерството за земјоделство се дека на квалитетно зрно отпаѓаат нешто под десет отсто од вкупниот годинашен принос на пченица.

134

Трајан Димковски, шеф на Кабинетот на министерот за земјоделство, апелира земјоделците да не шират дезинформации околу откупната цена на пченицата.

Според него, цената што ја посочуваат земјоделците од седум до 8,5 денари се однесува на пченица за сточна храна, а не на онаа квалитетната, за лебно зрно.

Тој рече дека во земјава има млинови што ја откупуваат пченицата и за 11 денари, но се работи за род со висок квалитет. Ваква цена не може да постигнат земјоделци со по пет хектари жито, туку големите со 300 – 500 хектари.

– Да не си играме и да не манипулираме со цената на пченицата. Идејата е да добиеме квалитетен производ, а не веднаш да зборуваме за ниски цени за да се добијат дополнителни два денара поддршка – нагласи Димковски.

Пресметките на Министерството за земјоделство се дека на квалитетно зрно отпаѓаат нешто под десет отсто од вкупниот годинашен принос на пченица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...