Димитриос Христопулос, член на Надзорниот одбор на Стопанска банка поднесе оставка, информира Банката преку Македонска берза.
Како што соопшти банката, Христопулос вчера поднел оставка од позицијата член на Надзорен одбор на Стопанска банка АД – Скопје.
Во Надзорниот одбор на Стопанска банка покрај Димитриос Христопулос членуваат уште и:
Маринис Стратопулос – Претседател на Надзорен одбор, Анастасиос Лизос, Јанис Кајулис,Димитра Гудуфа членови како и Сашо Ќосев и Владимир Филиповски како независни членови.