Димитар, Дани, Антонија, Џокси дел од овогодишниот „Макфест“

Покрај подготовките за штипската „Пастрмалијада 2018“, во тек се и финалните подготовки за 33-тото издание на фестивалот на музика „Макфест 2018“.

90

Ѓоко Танески, Наташа Малинкова, Мартинијан Кириловски, Џокси, Тајфата и Димитар Адоновски, Дани Димитровска, Антонија Гиговска се само дел од позвучните и поискусни имиња на „Макфест 2018“.

Покрај подготовките за штипската „Пастрмалијада 2018“, во тек се и финалните подготовки за 33-тото издание на фестивалот на музика „Макфест 2018“. Штип е подготвен да оддржи уште едно издание на „Макфест 2018“, кое треба да започне на 4 октомври.

– Песните и авторите се веќе познати. Вкупно 32 композиции, познати имиња од македонската забавна сцена, но и нови лица кои бараат место на естрадата. Следи фаза на изработка на ЦД со сите песни, така што до почетокот на фестивалот ќе бидат реализирани сите планирани задачи – вели Владимир Дојчиновски, уметнички директор на „Макфест 2018“.

Од технички аспект, веќе се работи на логистичкиот дел на фестивалот.

– Традиционално, големата сала на Домот на културата „Ацо Шопов“ ќе биде комплетно подготвена за фестивалот. Се договараат последните финеси околу сцената, звукот, преносот и веќе од идната недела комплетно влегуваме во реализација на „Макфест“. Останува публиката и Македонија да слушнат нови 32 композиции од домашната продукција – изјави Кирил Панајотов, технички раководител на „Макфест 2018“.

Традиционално, на првата прес-конференција на 25 септември ќе биде извлечен и редоследот за изведувачите на првата фестивалска вечер. Преносот на фестивалот е на првиот канал на МТВ со почеток во 20.30 часот.

Панајотов пртеходно најави дека телеволтинг повеќе нема да има, ќе гласа публиката, зашто таа секогаш знаела добро да избере.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...