Во странските медиуми се појавија шпекулации дека холивудскиот актер Леонардо Дикаприо наскоро би требало да застане пред олтар.
Дикаприо со месеци се забавува со аргентинската актерка и манекенка Камила Мороне, а судејќи според она што наводно го изјавиле пријатели на актерот, тој никогаш не сакал никого толку многу како Камила.
Дваесет и едногодишната Мороне со 43-годишниот Леонардо Дикаприо летото го поминале крстарејќи по брегот на Италија, а како што се наближува есента, се посилни се гласините дека овој пар подготвува свадба.
Според „Ју-ес викли“, актерот планира да ја запроси својата девојка, а неименуван извор наводно изјавил дека Лео и Камила се силно вљубени и дека веќе разговарале за свршувачка и дека Дикаприо е подготвен да има деца.
ФОТО: Инстаграм