Дизни обвинет за бесправно користење песни на Мајкл Џексон

Компанијата која управува со оставината на Мајкл Џексон ја тужи „Дизни", оти во еден од последните проекти на телевизијата Еј-Би-Си, како што наведуваат, дошло до нелегално користење на интелектуалната сопственост на покојниот поп-пејач.

106

Компанијата која управува со оставината на Мајкл Џексон ја тужи „Дизни”, оти во еден од последните проекти на телевизијата Еј-Би-Си, како што наведуваат, дошло до нелегално користење на интелектуалната сопственост на покојниот поп-пејач.

Се работи за специјалната емисија „Последните денови на Мајкл Џексон”, што беше емитувана минатата недела. Во обвинението се вели дека нелегално се користат „делови од највредните песни”, меѓу кои и „Billie Jean”, „Bad”, како и спотовите „Thriller” и „Black and White”.

Компанијата тужител тврди дека во емисијата, исто така нелегално, се користат и исечоци од документарни филмови коишто и припаѓаат.

Еј-би-си смета дека сите процедури околу авторските права се испочитувани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...