Дизниленд отвора забавен тематски парк „Војна на ѕвездите“

81
ФОТО: EPA / YM

Американскиот синџир забавни паркови Дизниленд најави неколку тематски паркови инспирирани од „Војна на ѕвездите – На работ на галаксијата“, а првиот што ќе го отвори за посетителите во Калифорнија на 31 мај, а потоа и на Флорида, на 29 август.

„На работ на галаксијата“ е нов простор од 14 хектари во Дизниевите тематски паркови, со искусни водичи, кои многу реално ќе ги внесат љубителите и посетителите во самата приказна.

Гостите ќе може да се фотографираат со дроиди, со светлечки мечеви в рака, а и да уживаат во специјалитети во стилот на филмската класика.

ФОТО: EPA / YM

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...