Дизелот поскапe за половина денар

Литар „еуросупер БС-95“ од полноќ ќе чини 66,5 денари, а „еуросупер БС-98“ ќе се продава по 69 денари.

338

Бензинот „еуросупер БС – 95“ поевтинува за половина денар, а за тој износ поскапуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинства, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Литар „еуросупер БС-95“ од полноќ ќе чини 66,5 денари, а „еуросупер БС-98“ ќе се продава по 69 денари.

„Ееуродизел (ДЕ V)“ пак од полноќ се се продава по цена од 61,50 денари за литар, додека „екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ01)“ по 51,5 денари.

Цената на мазуотот М-1 HC се намалува за 0,664 денари за килограм и ќе изнесува 31,147 денари.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...