Дизелот поскапе за половина денар, бензините со стара цена уште една недела

Од полноќ, „дизелот“ ќе се продава по цена од 61,5 денари за литар, а „екстра лесното масло за домаќинство“ по цена од 50,5 денари за литар.

75

Цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ се зголемува за половина денар, а бензините остануваат со иста цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Од полноќ, „дизелот“ ќе се продава по цена од 61,5 денари за литар, а „екстра лесното масло за домаќинство“ по цена од 50,5 денари за литар.

„Еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 68,5 денари за литар, а „еуросупер БС-98“ за 70,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,229 ден/кг во однос на претходно утврдената цена така што веќе од утре неговата нова цена ќе биде 33,186 ден/кг.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...