Дизелот поскапе за половина денар, бензините со иста цена

Малопродажната цена на „еуродизел“ ќе изнесува 60,50 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 50,50 денари за литар.

450

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а бензините остануваат со иста цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажната цена на „еуродизел“ ќе изнесува 60,50 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 50,50 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините „еуросупер“ од 95 октани и „еуросупер“ од 98 октани останува истак као и досега: 66,50 денари, односно 68,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,711 ден по килограм и ќе изнесува 31,650 ден за килограм.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...