Диеталните влакна во борба против мозочниот удар

Луѓето внесуваат отприлика 10 грама диетални влакна, додека препорачаната доза за добра превентива на мозочниот удар е околу 25 грама дневно. Храната која е богата со влакна и која би требало да ја консумирате на дневна база се свежото овошје и зеленчук, а најмногу јаткастите плодови, морковите, мешунките, брокулите, овесот и разни семки.

474

Во западната цивилизација мозочниот удар стана четврта најголема причина за смрт. Само во Америка годишно умираат повеќе од 150.000 луѓе како последица од мозочен удар, а годишната граница за добивање мозочен удар се намалува.

Што можете да направите?

Истражувањата на универзитетот во Лидс, Велика Британија, покажале дека со едноставни чекори и производи од природата можете превентивно да делувате за да спречите мозочен удар. Ова се однесува особено на оние на кои генетското наследство не им е наклонето кога станува збор за овој проблем.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...