Ѕвездата од „Rock of Ages”, Диего Бонета се приклучи во екипата задолжена за преработката на „Терминатор“, во која повторно ќе глумат Арнолд Шварценегер и Линда Хамилтон, главните актери од оригиналната приказна и далеку попознатото продолжение.
Ова е шести филм од светски познатата сага, а петти во кој главна улога ќе има Шварценегер.
Станува збор за таканаречената „рибут“ преработка, каде што приказната во основа е истата, но видоизменета во одредени сегменти. Режисерската палка му припадна на Тим Милер, а Џејмс Камерон – режисерот на „Терминатор“ и „Терминатор 2: Судниот ден“, ќе ја има улогата на продуцент.
Премиерата првично беше закажана за јули 2019, но минатата недела е поместена за 22 ноември 2019 година.