Дигиталната трансформација тема на Самит 100 бизнис лидери во Белград

На 1 и 2 Октомври во Белград ќе се соберат повеќе од 200 политички и бизнис лидери од регионот

42

Над 200 бизнис лидери и врвни политички претставници од земјите во Југоисточна Европа на 1 и 2 октомври ќе се соберат во  хотелот „Hyatt Regency ” во Белград.

Централната тема на САМИТ100 2018 ќе биде дигиталната трансформација т.е. како, искористувајќи го потенцијалот на 4-тата Индустриска револуција, да се направи „квантен” скок кон развиен и глобално конкурентен регион.

Регионалниот состанок САМИТ100 на бизнис лидери е прв и единствен собир од ваков вид во регионот и е замислен како платформа за економска поврзаност и конкретен придонес на бизнис лидерите во политичките напори насочени кон подобрување на економската соработка и конкурентноста на регионот.

Намерата на организаторот е, поврзувајќи ги бизнис лидерите и државниците, да ги отвори перспективите за зајакнување на конкурентноста на националните економии како и конкурентскиот потенцијал на цела Југоисточна Европа, а со тоа да овозможи зголемување на квалитетот на животот во регионот.

Иницијатор за овој собир е Српската асоцијација на менаџери во соработка со Здружението на менаџери од Словенија, Хрватската асоцијација на работодавачи, Фондацијата Атлас од Црна Гора, Алкалоид АД од Македонија, ББИ Банка и АСА Холдинг од Босна и Херцеговина.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...