Фирма со име „Boat tipe Kenan“ која изнајмува чамци за туристичка прошетка по канонот Матка поставува метални конструкции и дрвени куќарки во канонот без одобрение за градба, тврдат посетители,пренесе порталот #Дома.
Дивопоставената метална платформа на Матка веќе е покриена со дрвени штици, а фирмата најавува дека налето ќе има кафуле.
Инспекторите на Градот Скопје, како што велат редовните посетители, веќе биле таму и утврдиле дека инсталацијата е дивоградба и ѝ дале насоки на општината Сарај да ја сруши оти таа е надлежна за тоа. Но, нема никакви рекации од општината.
Кањонот Матка е прогласен за споменик на природата и е заштитено подрачје од трета категорија што значи дека не се дозволени активности кои би ја загрозиле неговата автентичност.
Во студија на УНДП од 2010 година е наведено дека за заштитата на кањонот Матка се грижат 39 институции.