Де Мистура го оквалификува како конструктивен разговорот на Самитот во Истанбул

84

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија Стафан де Мистура го оквалификува како конструктивен дијалогот на мултилатералната средба на врвот за Сирија во Истанбул.

– Спроведовме корисна, конструктивна и интензивна дискусија со лидерите на Русија, Германија, Франција и Турција- наведе Де Мистура, истакнувајќи дека средбата е многу важна.

Во Истанбул денеска се одржува мултилатерален Самит каде се зборува за ситуацијата во Сирија.

Учествуваат рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...