„Де Бирс“ почнува продажба на вештачки дијаманти

- Ако сакам да и подарам нешто на 12-годишната ќерка, не би и подарил вистински дијамант, така што ова е добра алтернатива - изјави извршниот директор на компанијата, Брус Кливер.

104

Компанијата за дијаманти „Де Бирс“, која има 130-годишна традиција, ќе почне продажба на дијаманти изработени во лабораторија во англиската област Беркшир, јавува „Гардијан“.

Компанијата, чие мото е „дијамантите се вечни”, со години од Африка и Канадската Арктичка Област набавува дијаманти стари милијарди години, а завчера ги претстави своите многу поевтини „вештачки“ дијаманти, создадени, односно „одгледувани“ три седмици преку процес сличен на тридимензионалното печатење.

„Де Бирс“, кој подолго време држи скоро цел монопол врз светското производство на дијаманти, соопшти дека се одлучиле на овој потег за да се задоволи „побарувачката на модни додатоци достапни за поголем круг луѓе“, кои може и да „не се вечни, но би биле идеални за одреден момент”.

– Ако сакам да и подарам нешто на 12-годишната ќерка, не би и подарил вистински дијамант, така што ова е добра алтернатива – изјави извршниот директор на компанијата, Брус Кливер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...