Меган Маркл ќе го позајми својот глас на компанијата „Дизни“ за еден од нејзините јунаци. „Дејли мејл“ пишува дека токму принцот Хари ѝ ја дал идејата на продукциската куќа да ја вработи Меган, односно дека принцот наводно се обидувал да го убеди директорот на компанијата Боб Ајгер да ја ангажира неговата сопруга.
Според „Дејли мејл“, на премиерата на „Кралот лав“ во Лондон, во јули минатата година, војводата од Сасекс ја искористил приликата да му каже на Ајгер дека Меган е заинтересирана да го позајми гласот во некој анимиран филм.
„Знате ли дека таа умее да го позајми гласот?“, му рекол наводно Хари на директорот. „Таа е навистина заинтересирана“, рекол Хари, а Ајгер му одговорил: „Би сакале да пробаме. Тоа е прекрасна идеја“.
— behiye (@damdankacan) January 12, 2020