Поранешниот британски министер за Брегзит, Дејвид Дејвис изјави дека Парламентот ќе го отфрли договорот за Брегзит, а премиерката Тереза Меј ќе мора повторно да го преразгледа.
– Мислам дека договорот ќе биде отфрлен од страна на Долниот дом. Во тој случај премиерката ќе мора да понуди алтернатива – истакна Дејвис.
Тој одби да го каже својот став во врска со иднината на британската премиерка.
ФОТО: EPA / PETE SUMMERS