Дејан Карапеев со македонски специјалитети на Kitchen TV

Од понеделник (8.април) секој ден во 8, 14 и 20 часот на единствениот регионален кулинарски ТВ канал, во серијалот „Сончева гозба“, шеф Карапеев ќе му ги презентира на регионот најубавите македонски традиционални јадења

815
Велат дека во Македонија секој ден е гозба. Познатиот македонски готвач Дејан Карапеев им пренесува на гледачите дел од гурманската магија на оваа убава земја, но и од Медитеранот, каде што живеел долго време.
Боите, вкусовите и мирисите, кои Дејан со леснотија ги презентира, никого не го оставаат рамнодушен.
„Сончева гозба“, првиот серијал за македонската кујна, снимен ексклузивно за единствениот регионален кулинарски ТВ канал – Kitchen TV, премиерно почнува да се емитува во понеделник, 8 април во секојдневните термини од 8:00, 14:00 и 20:00 часот.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...