Деца Роми, Македонци, Албанци и Турци играа на исто оро

792

За афирмација на старите заборавени традиционални ора и музика и негување и унапредување на фолклорот на националностите, Здружението на жени Ромки „Есма“, денеска одржа музички хепенинг насловен „Заедно во оро без граници“ финансиран од Министерството за култура.

Целта на проектот е зајакнување на меѓуетничката интеграција на младите за спроведување на заеднички активности во кои ќе се вклучат сите етнички заедници од Градот Скопје, афирмација на млади етно – фолклорни ентузијасти и негување и унапредување на фолклорот на националностите.

– Преку игра и дружење околу 50 младинци,Роми ,Македонци, Албанци и Турци имаат можност да се запознаат меѓусебно и да ја запознаат културата на другите. За денешниот музички хепенинг кој е завршна активност на проектот оваа мултиетничка група со помош од стручни кореографи беше обучa за играње на ора од постарите генерации, припадници на нивната националност, активност која го рефлектира нашето заедничко живеење (култура од сите и за сите) со заедничка дружба. Оваа манифестација е со мултиетнички карактер и преставува мост на спојување на сите култури на етничките заедници кои живеат во општина Шуто Оризари – изјави Надире Селман претседателка на здружението.

Со звукот на различностите и традиционалната носија на етничките заедници на денешниот хепенинг здружението „Есма“ ја пренесе порака на младите учесници Македонци, Роми, Албанци и Турци до присутната публика дека културата и музиката зближуваат и дека тие не познаваат граници и етничка припадност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...