Деца мигранти се согласуваат на проституција за влез во Европа

148

Деца мигранти честопати се согласуваат на проституција, со цел да бидат безбедно пренесени преку граница од Италија во Франција, пишува британскиот весник „Гардијан, повикувајќи се на меѓународната организација „Сејв д чилдрен“.

Италијанскиот огранок на организацијата наведува дека малолетници, главно од подсахарска Африка, се согласуваат да го продаваат своето тели кога немаат од 50 до 150 евра, колку што им бараат возачите за пренесување преку граница.

Во замена за секс на децата им се нудат храна и сместување, а „Сејв д чилдрен“ тврди дека има докази за многу случаи на проституција, посебно од почетокот на годинава.

Директорката на програмата во таа организација Рафаела Милано напиша во извештајот дека на проституција се одлучуваат „многу млади, специфично загрозени девојки“, кои се наоѓаат меѓу големиот број мигранти без придружба од возрасни лица и сакаат да се сретнат со роднини и пријатели во други европски земји.

Таа нагласи дека девојчињата „се изложени на многу сериозен ризик од злоставување и експлоатација“, а често се наоѓаат во услови на „голема деградација“.

Ситуацијата во италијанското погранично место Вентимиља, главната транзитна точка за мигранти кои се обидуват да стигнат до Франција, драстично е влошена по затворањето на времениот прифатен центар во април. Децата мигранти оттогаш се принудени да живеат на улица во „деградирачки и опасни услови“.

Како што се наведува во извештајот, повеќе од 1.900 девојки се сексуално експлоатирани во таа област од јануари 2017 до март 2018 година, а докажано е дека 160 од нив се деца. Останатите или неодамна наполниле 18 години или лажеле дека се полнолетни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...