Децата со попреченост се соочуваат со стигма, дискриминација и изолација

Децата со попреченост честопати се соочуваат со исклученост во текот на целиот живот. Многу од нив се „невидливи" - не се вклучени во официјалните податоци, голема е веројатноста да не одат на училиште и да се чуваат дома надвор од очите на јавноста. Тоа не е фер ", вели Елспет Ериксон, заменик-претставник на УНИЦЕФ.

182

Стигма, дискриминација, сегрегација, изолираност од семејството и другите деца, непристапност до образованието и до образовните објекти, се само дел од проблемите со кои се соочуваат децата со попреченост во Македонија.

Потребни се реформи, модификации во содржината, во методите на подучување, структури и стратегии во образованието, но и подигнување на јавната свест, со цел да се надминат бариерите за на сите деца од сите возрасти да им се обезбедат еднакви можности за учество во учењето и околина која одговара на нивните барања.

Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, чија потписничка е и Македонија, го гарантира правото на децата со попреченост на квалитетно инклузивно образование. Земјава треба да создаде услови за ова право децата со попреченост да можат да го оставарат, особено во редовните, а не посебните училишта. За тоа да се направи недостигаат реалнни бројки за овие деца, но и поголем број дефектолози, логопеди и друг стручен кадар во училиштата.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...