Родителите на деца родени во странство од сурогат мајка мора да бидат признати од Франција, но ова законско признавање може да се направи преку посвојување што се однесува за наменетата мајка, потврди денеска Европскиот суд за човекови права (ЕКЧП).
Како што пренесува дописникот на МИА од Стразбур, ЕСЧП, кој не ја доведува во прашање забраната на носење дете од сурогат мајка во Франција и во други европски држави, соопшти дека признавањето на ваквото поврзување на детето е потребно бидејќи тоа е „од повисок интерес за детето” во мислење побарано од францускиот Врховен суд. Врховниот суд на Франција во прашање упатено до ЕСЧП за тоа како да ја спроведе пресудата на ЕСЧП од 2014 година, во која Франција беше осудена поради одбивање да го признае посвојувањето на близанците од сопружниците Менесон, родени од сурогат-мајка во Калифорнија.
Ако татко, кој дава свои сперматозоиди за ин витро оплодување, се смета за „биолошки” татко на документ издаден од страна на властите на САД, мајката не е наведена како мајка која е „легална”, имајќи предвид дека децата биле зачнати преку донирање на јајце клетки.
– Правото на почитување на приватниот живот на дете родено во странство, од сурогат мајка бара домашните закони да нудат можност за признавање на правна врска меѓу детето и наменетата мајка, назначена во изводот на родените законски издаден во странство, како „законска мајка” – одлучи Европскиот суд.