Децата од село имаат помали шанси за ментални болести

Растењето на село го штити менталното здравје, покажала студијата во која учествувале речиси милион Данци.

320

Децата кои живеат опкружени со зеленило имаат дури 55 отсто помали шанси како возрасни да развијат некоја ментална болест, вели истражувањто кое го пренесува Дејли Меил.

Имено, како што тврдат научниците, зеленилото во опкружувањето на децата помага во развивањето на социјалните вештини и поттикнува на физичка активност, што го подобрува когнитивниот развој кај децата, а тоа пак позитивно делува на менталното здравје.

За ова истражување научниците користеле податоци кои ги собирале преку сателитите над зелените површини околу домовите на речиси милион Данци, помеѓу 1985. и 2013.година. Тие податоци се користени за набљудување на ризиците од развој на некои од 16 различни ментални болести, како што се шизофренија, депресија и анксиозност.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...