Како што објасниле на Фејсбук страницата на болницата, на децата во текот на прегледот им е тешко кога мораат да бидат целосно мирни, а тоа понекогаш може да потрае и околу половина час. За некои е тоа невозможно, па децата кои се помлади од шест години, често мораат да ги прегледуваат под општа анестезија.
Но, жолтата подморница, како и делфините, рибите и октоподите на ѕидовите би можеле да им го олеснат ова искуство. Од болницата велат дека веќе еден преглед поминал успешно, без општа анестезија.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Фејсбук