Незадоволно од подароците кои ги добило за Божиќ, 9-годишно дете од Германија се јавило на бројот за итни случаеви на полиција која одма тргнала во акција и го решила проблемот.
Тоа на полицијата и објаснило дека не ги добило подароците кои ги напишало на својата листа со желби.
– Полицајците пристигнале и го пронашле детето кое било многу луто – рекле од полицијата.
Бидејки имале мирен ден, полицајците решиле да си поиграат со детето. Тие ја проучиле неговата листа со желби за подароци и ја споредиле со оние кои ги добило, но и посредувале помеѓу него и неговите родители. На крајот го увериле дека Дедо Мраз сигурно ги помешал со подароците на некое друго дете.
Полицијата не сакала да открие што имало на листата со желби.