Граѓани од населбата Ѓорче Петров се собраа на протест кај училиштето „Мирче Ацев“ откако десетгодишно дете вечерва настрада во сообраќајна незгода на улицата Борис Сарафов.
Детето е пренесено во Ургентниот центар, но не се знае каква е неговата здравствена состојба.
Според првичните информации, во детето удрило возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки.
Блокадата, како што информира МВР, е и во знак на револт поради брзото возење по улиците, односно непочитувањето на сообраќајните знаци.
Пред помалку од еден месец друго десетгодишно дете беше прегазено на истата улица.