Дете го нацртало албумот со сликички од Мундијалот, оти мајка му не можела да му го купи ВИДЕО

704

Многумина со нетрпение го очекуваат Светското првенство во фудбал и поради албумот со сликички за СП.

Се купуваат сликички, менуваат дупликати, а најголемите фанови го пополнуваат албумот до последна сликичка.

Осумгодишник од Бразил немал среќа да го добие албумот со сликички и решил самиот да го направи. Со денови трпеливо го правел албумот, и потоа почнал да ги црта сликичките на славните фудбалери, бидејќи мајка му немала пари да му купи албум и сликички.

– Кога го заврши, рече дека ќе го однесе во училиште. Стравував дека ќе го исмеваат – вели мајката на детето.

Но, децата во класот се водушевиле.

– Би сакал да сум креативен како него и така добро да цртам – рекло другарче на детето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...