Кога имате деца, разводот не е лесен. Поранешниот маж, некогаш принц, сега е чудовиште. Поранешната жена, до неодамна ангел, наеднаш е вештица. Без оглед што вашата слика за долгогодишниот партнер е претворена во прав, за вашите деца мама и тато остануваат ангел и принц, еднакво важни како и претходно.
Заради тоа, наспротив вашиот бес и фрустрација, таа врска мора да биде негувана и ненарушена, колку и да ве боли вас тоа.
„Вашето дете е половина вие и половина вашиот поранешен сопружник. Замислете како изгледа да го растргнете на средина“, вели Ерин Барбоса, клинички социјален работник.
Затоа, секој пат кога ќе го нападнете другиот родител, детето чувствува како да сте нападнале дел од него.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.