Поминаа речиси четири години од прераната смрт на популарниот комичар, а светот и понатаму не закрепнал од шокот.
Во прилог на тоа зборува и новата книга, во која се откриваат деталите од последните денови на славниот актер. Страниците откриваат како Вилијам се борел со болестите, деменцијата и депресијата.
Болеста на Вилијамс влијаела на неговото размислување, како и на формирањето на сеќавањата, чувствата, на размислувањето и извршувањето на најосновните функции. Симптомите се влошувале, а актерот од тешките ситуации гледал само еден излез.
Во текот на снимањето на едниот од неговите последни филмови, „Луда ноќ во музејот“ во 2014 година, Вилијамс имал проблеми со памтењето на текстот, тоа го погодило, а тој со тоа не се справувал добро.
– Плачеше на моето рамо на завршувањето на секој ден. Беше страшно. Неколкупати им зборував на луѓето дека проблемот е сериозен – објаснува Чери Минс, која била дел од екипата на филмот.
Минс му предлагала на Вилијамс да ѝ се врати на рутината на своето стендап шоу за да ја поврати претходната самодоверба, но актерот во очај ја одбил:
– Не можам, Чери. Веќе не би знаел ниту како. Не знам како да бидам смешен – се доверил актерот.
Како што симптомите се влошувале со текот на времето, Робин Вилијамс развил и благ тремор во раката, кој лекарите во тоа времето го препишувале на старата повреда на рамото.
Неговата трета сопруга Сузан Шнајдер го опишала овој период:
– Како да си играа криенка – секој месец го „изненадуваше“ нов симптом. На крајот си помислив дека мојот сопруг е хипохондрик. Не бев само јас таа што ги забележа промените во неговото однесување. Пријателите и колегите забележаа дека Робин не е повеќе оној стариот – објаснила вдовицата.
По сериозниот напад на паника во текот на снимањето на филмот „Луда ноќ во музејот“, на Вилијамс лекарите му препишале силни лекови против депресија, а набрзо му била дијагностицирана и Паркинсонова болест.
Неговиот близок пријател Били Кристал рекол:
– Никогаш не сум го видел толку исплашен. Беше најдобриот комичар што некогаш сум видел, најдобриот уметник. Но, на крајот, беше само исплашен човек.
Робин Вилијамс беше пронајден мртов во својата куќа на 11 август 2014 година.
Шеесет и тригодишниот Робин Вилијамс беше пронајден од неговиот личен асистент. Несреќниот актер се обесил со ременот околу вратот, изјави портпаролот на канцеларијата на шерифот на округот Марин, во сојузната американска држава Калифорнија, Кеит Бојд. Додал дека Вилијамс последен пат бил виден жив околу 22 часот по локално време во неговиот дом во местото Тибурн. Во близина на неговото тело било пронајдено и џебно ноже, а на зглобовите имал исеченици со засирена крв.