„Дестинис Чајлдс“ повторно заедно на сцена (ВИДЕО)

Некогаш популарната Ар-ен-би група „Дестинис Чајлдс“ повторно се појавија заедно на сцена и тоа на фестивалот „Coachella“ во саботата.

113

Некогаш популарната Ар-ен-би група „Дестинис Чајлдс“ повторно се појавија заедно на сцена и тоа на фестивалот „Coachella“ во саботата.

Кели Роуланд и Мишел Вилијамс по три години пауза и се придружија на Бијонсе на сцената, па заедно отпеаја три од нивните хитови од периодот кога беа група. Имено, настапот беше збогатен со „Lose My Breath”, „Say My Name” и „Soldier”.

– Коачела, ти благодарам што повторно не обедини, изјави Бијонсе потоа.

Фестивалот се одржува еднаш годишно, секоја пролет, и трае два викенда, во градот Индио, Калифорнија, САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...