Десничарски политичари во Германија дистрибуирале расистичка боенка, се води истрага

На спорните илустрации се прикажани карикатури на мажи со пушки под турско знаме и жени кои носат марами во базен.

113

Полицијата во западна Германија покрена истрага против група екстремно десничарски политичари во врска со тврдењата дека дистрибуирале расистичка книга за боенка.

Регионалната фракција на партијата Алтернатива за Германија (АфД), наводно, ги поделила книгите на настан во покраината Северна Рајна-Вестфалија, јави Би-Би-Си.

На спорните илустрации се прикажани карикатури на мажи со пушки под турско знаме и жени кои носат марами во базен.

Полицијата соопшти дека групата е обвинета за поттикнување, но таа ги отфрли критиките нарекувајќи ги „напад на слободата на уметноста и сатирата“.

АфД, најголемата опозициска партија, последните години има голема популарност, но често е осудувана во јавноста поради своите екстремни погледи на миграцијата, слободата на говорот и печатот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...