Десничарската Алтернатива за Германија (АфД) ја откажа закажаната забава за изборната ноќ во Берлин, откако политички противници им се заканувале на членови на таа партија.
Во соопштението објавено денеска, кандидатот на партијата за претстојните избори за Европскиот парламент, Јерг Мојтен, рече дека тие биле предмет на „агресивен телефонски терор“ во изминатите неколку дена.
Мојтен информира дека на разни интернет-страници, нивните противници повикувале „антифашистички демонстрации” по повод планираната забава на АфД.