Десничарот Кристершон не успеа да формира влада

428

Лидерот на шведската конзервативната Умерена партија Улф Кристершон изјави дека не успеал да собере доволно поддршка за формирање на десноцентристичка коалиција, што значи задачата се враќа во рацете на претседателот на Парламентот, кој треба да најде нов кандидат за премиер.

Шведска е во политички ќор-сокак од изборите на 9 септември, кога ниту блокот на десниот центар,предводен од Кристершон, ниту левоцентристичката коалиција не успеаја да соберат доволно мнозинство во Парламнетот. И двата блока исклучија формирање влада со учество на десничарската антимигрантска партија Шведски демократи, кои ја контролираат рамнотежата на силите.

Кристершон во петокот изјави дека е подготвен да се обиде да создаде малцинска влада без учество на сите партии од четиричлената Алијанса, но либералите и Партијата на центарот одбија да го поддржат тој план.

– Направив што можев, досега – изјави Кристершон пред претседателот на Парламентот

Претседателот на Парламентот има право на четири обиде да најде премиер прифатлив за Парламентот, во спротивно ќе се одржат нови избори. Тој рече дека утре ќе разговара со партиите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...