Дескоска се сретна со синдикатите, вети решавање на проблемите

За време на средбата, од двете страни беше изразена заложба за унапредување на натамошната соработката помеѓу синдикатот и Министерството за правда во делот на законските измени кои се однесуваат на судските службеници.

131

Министерката за правда Рената Дескоска денеска во Министерството за правда оствари работна средба со претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Пеце Груевски.

На средбата се разговараше за статутот и положбата на вработените во судската и јавнообвинителската служба, а беа отворени и прашања околу потпишување на социјален договор со Синдикатот, како и за измените на Законот за судските службеници.

– Моја искрена заложба е посигурно живеење и работење на граѓаните – отворени сме за соработка со Синдикатот на УПОЗ и социјалниот дијалог со синдикатот ќе го подигнеме на повисоко ниво за изнаоѓање решение за отворените прашања – рече министерката за правда Рената Дескоска.

За време на средбата, од двете страни беше изразена заложба за унапредување на натамошната соработката помеѓу синдикатот и Министерството за правда во делот на законските измени кои се однесуваат на судските службеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...