Десет стихозбирки во конкуренција за наградата „Антево перо“

221

Жири комисијата за доделување на наградата „Антево перо“ во состав Венко Андоновски (претстедател), Кристина Николовска , Митко Гогов, Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови) на својот состанок одржан на 01 септември 2018 година констатираше дека на конкурсот се пристигнати 65 авторски ракописи.

Комисијата е воодушевена од одзивот за овој конкурс посветен на  нашиот поетски великан Анте Поповски. На својот прв состанок Комисијата констатираше дека над 80 отсто од ракописите покажуваат висока поетска стилистика и рафиниран поестки вкус. Сепак, Комисијата во поширок избор за доделување на оваа ново-востановена награда ги издвои следниве поетски ракописи: „Премин“ на Димитар Арнаудов, „Семки“ на Ристо Маџунков, „Еквилибриум“ на Слаѓана Брезоска, „Камен за подзглавје“ на шифра Синец, „Читање на времето“ на Михајло Свидерски, „Кумова слава“ на Славе Ѓ. Димоски, „Соголен јазик“ на Марина Мијаковска, „Ангелот на авторот“ на шифра Мартолозот, „Светлина во верата. Вера во светлината“ на Милена Ристова Михајловска и „Двопој“ на Гордица Величковска. Редоследот на номинираните нема вредносно значење.

Жири комисијата со задоволство констатира дека конкурсот не само што понуди респектабилни поетски остварувања, туку на некој начин поради бројноста на пријавените ракописи се доби и моменталната „крвна слика на македонската современа поезија“ со што се покажа дека таа поезија е една од водечките во регионот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...