Најмалку десет лица починаа, а 240 се на лекување од труење со расипан алкохол во северозападната иранска провинција Азербејџан, јави државната новинска агенција на Иран.
Труењето се случило пред шест недели во градот Табриз.
Три лица ослепеле, а неколку се во кома.
Во октомври минатата година во јужниот дел на земјата од последици од труење со алкохол починаа 31 лице.
Конзумирањето алкохол во Иран се смета за грев, и според исламското право се казнува со парична казна и камшикување.