Десетици илјади лица протестираа во Торино против проект за железничка линија меѓу овој град и Лион во Франција, кој според нив е трошење на државни средства во момент кога Италија има потреба од пари за образование и здравство.
Според организаторите, на протестот учествувале 70.000 луѓе. Полицијата не соопшти своти проценки за масовноста.
Меѓу демонстрантите имаше пензионери, млади луѓе, семејства со деца. Тие носеа транспаренти со натписи како „Против трошењето“, „Да за мали корисни инфраструктури, не за големи бесполезни инфраструктури„, „Пругата е спонзорирана од Индустриската унија – Мафија на цементот“.
ФОТО: EPA / ALESSSANDRO DI MARCO