Францускиот актер Жерар Депардје (69) е сослушан во полициска станица во рамки на истрагата која се води по обвинувања на актерка дека била силувана и сексуално вознемирувана од него, соопштиле полициски извори.
Депардје е осомничен дека на 19 август годинава, силувал млада актерка во нејзиниот дом во Париз. Актерката, чие име не е соопштено, пријавила дека Депардје сексуално ја злоставувал.
Актерот бил сослушан во полиција, но не му бил одреден притвор.
– Жерар Депардје апсолутно негира било каков напад или силување – изјавил за Франс прес неговиот адвокат Ерве Темим и додал дека е уверен оти ќе се потврди невиноста на неговиот клиент.