Депардје го доби клучот на Ѓирокастро

Депардје престојува во вој град во рамките на снимањето на филмот “Милошевиќ и јас“, во режија на приштинскиот режисер, Арбен Кастрати.

156

Градоначалникот на јужниот албански град Ѓирокастро, Фламур Големи, му го предаде „клучот на градот“ на познатиот француски актер Жерард Депардје.

Депардје престојува во вој град во рамките на снимањето на филмот “Милошевиќ и јас“, во режија на приштинскиот режисер, Арбен Кастрати.

Според градоначалникот на општината, престојот на Депардје во овој град има големо значење за Ѓирокастро.

– Луѓето како Жерард Депардје се важни посредници и промотори на градот на меѓународно ниво. Дополнителна вредност е секако и самиот филм, чии сцени се снимаат во Ѓирокастро, рекол Големи, пренесува албанската државна агенцја АТА.

Во книгата за впечатоци на Ѓирокастро, францускиот актер напишал: „Благодарност до Ѓирокастро и до градоначалникот Фламур, како и до жените од Ѓирокастро!Ќе се видиме набрзо“.

Инаку, филмот „Милошевиќ и јас“ е комедија, косовско-француска копродукција, а освен во Ѓирокастро ќе се снима и во Тирана. Освен Депардје ќе настапат и познатите француски актерки Натали Бајер Алесандра Мартинез.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...