Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид од 7 до 14 август годинава организира „Денови на мед, вино и сирење“ и „Охрид крафт експо“. Посетителите на манифестациите што ќе се одржат на плоштадот „Крушевска Република“ кај Стариот Чинар, ќе имаат можност повеќе да се запознаат со локалните производи на охридскиот регион.
„Денови на мед” ќе се одржи во периодот од седми до деветти август, а ќе се презентираат медот и производите од мед изработени од локалните производители.
Потоа следува Фестивалот „Вино и сирење 2018” што ќе се одржува на 10 и 11 август како своевиден регионален мини саем на кој се презентираат виното и сирењето од пограничниот регион Охрид – Преспа. Манифестацијата е осмислена како можност за презентација на традиционалната гастрономија, на нови техники на маркетинг и продажба, поттикнување на партнерски врски и воведување дополнителни стимулативни мерки. Истиот се проценува дека има потенцијал да стане редовен настан во рамки на збогатување на содржините што им се нудат на туристите кои летуваат во Охрид.
На „Охрид крафт експо“, од 12 до 14 август, ќе бидат презентирани занаетчиството и занаетчиите, односно нивните производи и услуги. Настанот е во насока на доближување на занаетчиството до младите луѓе, до граѓаните и до институциите, на поттикнување континуирана кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој, зачувување на традицијата и културата, како и можност за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните кои се занимаваат со занаетчиска дејност.
Манифестациите ќе бидат збогатени и со музичка програма преку настапите на ансамбалот „Билјана Јуниор“ и оркестарот „Климе Садило