Денот кога е роден американскиот актер, режисер и продуцент Дени де Вито во иднина во сојузната држава Њу Џерси ќе се одбележува како „Ден на Дени де Вито“.
Градските власти на Азбери Парк, град во кој Де Вито пораснал, го прогласија 17 ноември за негов ден.
– Дени никогаш не заборави од каде потекнува – истакна гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи.
Де Вито (73) е роден во Нептун Тауншип, а пораснал во Азбери Парк.