Дени де Вито добитник на наградата за животно дело

262

Американскиот актер Дени де Вито е добитник на наградата за животно дело на меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан, а наградата му беше доделена на гала церемонија.

Американскиот комечар, 73-годишниот Де Вито, на најпрестижниот шпански фестивал го претстави анимираниот детски филм „Smallfoot”

Де Вито е добитник на наградите „Еми” и „Златен глобус” за улогата во популарната телевизиска серија „Такси” од 1970-тите и 1980-тите, а исто така е познат по неговите улоги во комедиите „Фрли ја мама од возот” и „Близнаци”.

Тој исто така беше номиниран за Оскар како продуцент на филмот „Ерин Брокович“ од 2000 година.

Де Вито моментално игра во ТВ серијата „Секогаш е сончево во Филаделфија”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...