Денис Квејд: Кокаинот често беше пресметан во буџетот на филмовите

- Израснав 1970-те и 1980-те, кога односот кон кокаинот беше сосем поинаков. Кокаинот честопати беше неизоставен дел од буџетот на филмовите - изјави актерот.

551

Американскиот глумец Денис Квејд гостуваше во емисија на Ен-би-си, во која говореше пред се за улогата на поранешниот претседател на САД Роналд Реган, со која е актуелен периодов, но и за својата зависност од кокаин.

Во разговорот снимен на „Ранчот на Реган“ во Калифорнија, Квејд вели дека Реган е неговиот омилен претседател.

За својот брак со Мег Рајан, со која се разведе пред 18 години, тој вели дека се чувствувал како постојано да е во сенка на својата сопруга. Натаму, глумецот признава дека долго време бил и зависник од кокаин.

– Израснав 1970-те и 1980-те, кога односот кон кокаинот беше сосем поинаков. Кокаинот честопати беше неизоставен дел од буџетот на филмовите, изјави актерот.

Поради зависноста, тој страдал и од несоница, па одвикнувањето, како и вообичаено, било вистински кошмар. – По цела ноќ викав на Бога да ме оттргне од таа напаст… Оти понекогаш имав само еден час до следната задача, а не можев да заспијам, додава Квејд.

Тој се одвикнал од дрогата само преку посебна програма за одвикнување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...