Денис Димоски навреден бидејќи нема да биде дел од концертот за Тоше

1101

Младиот пејач Денис Димоски, кој на македонската публика ѝ стана попознат преку учеството со една од главните улоги во мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески, јавно го искажа својот револт поради тоа што нема да биде дел од претстојниот концерт за Тоше закажан за 2 ноември.

Тој преку својот профил на Фејсбук го искажа своето незадоволство кон организаторите, бидејќи не го исконтактирале и не го прашале за учество.

„Сакам јавно да ѝ се извинам на публиката и на сите кои ми пишуваат и ме прашуваат зошто нема да те слушаме на концертот за Тоше на 2 ноември. Навистина сум навреден што воопшто не бев прашан и повикан за учество, а прочитав од портали дека Денис Димоски, за жал, нема да учествува на концертот. Мислам дека по победата на „Кастинг талент шоу“, главната улога во мјузиклот за мојот идол и сите успешни претстави, заслужив да бидам исконтактиран и прашан за учество. Од кои причини не сум исконтактиран, искрено не знам“, пишува Денис.

Талентираниот Денис ја има и претставувано Македонија на детската „Евровизија“, учествуваше во шоуто „Пинк ѕвезди“, а учествувал и на многубројни реномирани музички фестивали низ Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...