Денес е најтопол ден во Париз во последните 70 години

407
Фото:EPA/IAN LANGSDON
Точно во 13:36 часот, во Париз беше соборен рекордот на највисоко измерена температура во сенка со 40,6 Целзиусови степени според Метео-Франс. Тие најавија дека живата на термометарот ќе се зголеми на 42 степена попладнево во Париз, јави дописникот на МИА од Франција.

Претходниот рекорд беше „стар“ повеќе од 70 години, а 41 Целзиусов степен веќе беа измерени во 13:42 во Париз-Монтсури, потврди Метео-Франс.

Од почетокот на мерењата во 1873 година, температурата во Париз само еднаш надминала 40 Целзиусови степени на 28 јули 1947 година (40,4 Целзиусови степени).

Метео-Франс предвидува дека денешната температура ќе достигне до 43°C во регионот на Париз.

Фото:EPA/IAN LANGSDON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...